Сливите се многу вкусно овошје, а од нив може да се направат вкусни напитоци. Ликерот од сливи е еден од највкусните.
Состојки:
- 750 гр сливи без коски
- 1 каранфилче
- 1 стапче цимет
- 500 мл вода
- 350 гр шеќер
- 20 гр ванилин шеќер
- 1/2 шише бел рум (350-400 мл)
- 1/2 шише вотка (350-400 мл)
Начин на подготовка:
- Сливите со каранфилче, цимет и вода згответе ги и оставете ги да вријат уште 20 минути. Процедете. Додајте шеќер и ванилин шеќер. Оставете да отстои 10 часа.
- Додајте рум и вотка и оставете да стои 2 недели.
Послужете и уживајте!