Испробајте го овој кремаст прилог, ќе го обожавате!
Состојки:
- 2 кг компири
- 250 мл кисела павлака
- 200 гр крем сирење
- 1 лажица сол
- 1/4 лажичка мелен бибер
- 1 чешне лук
- 1 лажица растопен путер
- 1/2 лажичка црвена пипер
Начин на подготовка:
- Згответе ги компирите во солена вода, не повеќе од 20-тина минути. Измешајте кисела павлака, сирење, сол, бибер и исечкан лук, додајте компири и направете пире.
- Кога ќе ја добиете саканата текстура, префрлете во сад за печење, прекријте со фолија и ставете во фрижидер на неколку часа.
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Прелијте путер преку компирите и посипете од горе малку пипер.
- Печете околу 30 минути и веднаш послужете.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи