Вкусен и кремаст десерт кој не се пече!
Состојки:
- 1,3 л млеко
- 300 гр бело чоколадо
- 300 гр крем шлаг
- 1 пакување кори за розен торта
- 3 пудинга од ванила
- 1 маргарин 250 гр
- 3-4 лажици шеќер
- 400 мл кисела вода
- бели трошки за декорација
Начин на подготовка:
- Млекото ставете го да зоврие, додајте бело чоколадо и 3 пудинга. Изладете и со миксер разматете маргарин.
- Посебно разматете шлаг со кисела вода.
- Намачкајте кора прво со крем, па со шлаг и така додека не ги потрошите сите кори. На крај целата торта премачкајте ја со шлаг.
- Оставете ја да отстои во фрижидер. Најдобро е да се консумира наредниот ден.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Практична жена“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта