Вкусни чоколадни посни колачиња со овесни снегулки, кикирики и бадеми – не мора да се печат, а вкусот е фантастичен!
Состојки:
- 2 шолји ситни овесни снегулки
- 1 шолја путер од кикирики
- 1/2 шолја мед
- 1/2 шолја брусница
- 1/2 шолја бадеми
- 1/2 мала шолја темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Иситнете ги бадемите и чоколадото во блендер, додајте снегулки, путер од кикирики и мед. На крај додајте брусница и лесно и кратко матете.
- Обликувајте топчиња и ставете ги во фрижидер на половина час да стегнат.
Послужете и уживајте!