Брзо јадење со одличен вкус, најдобар избор за доручек!
Состојки:
- 3 јајца
- сол
- 1/2 лажица студена вода
- 2 лажици путер
- бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Разматете ги јајцата во сад, додајте сол и бибер и половина лажица студена вода. Измешајте ги сите состојки.
- Тавата загрејте ја на средна јачина и во неа растопете лажица путер. Ставете ги јајцата и цело време мешајте, додека лесно ја протресувате тавата.
- Кога ќе забележите дека јајцата се при крај, „размачкајте“ ги по тавата така што ќе добиете палачинка. Намалете ја јачината на ринглата на најниска.
- Со шпатула лесно свиткајте ја палачинката од јајца во ролна.
- Во тавата ставете лажица путер и оставете да се растопи.
- Омлетот извадете го во чинија и послужете. По желба додајте сирење, шунка или некој зеленчук пред да ја свиткате палачинката од јајца.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи