Кинески рецепт за вкусно пилешко…
Состојки:
- 400 гр пилешко филе
- 1 лажица густин
- 200 гр шампињони
- 50 мл масло
- 1 чешне лук
- 1 лажичка исечкан ѓумбир
- 1 лажичка зачин
- 1/2 лажичка сол
- неколку капки сусамово масло
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на тенки резанки и измешајте го со густин. Исчистените шампињони исечкајте ги на тенки листови. На врело масло испечете го месото и извадете го. На истата маснотија додајте ги шампињоните па и нив испечете ги.
- Вратете го месото во садот со шампињони, додајте исечкан лук, ѓумбир, зачин, сол и сè добро измешајте. На крај додајте сусамово масло.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи