Брз колач со банани и нутела…
Состојки:
- 2-3 банани
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр растопен путер
- 100 мл млеко
- 2 лажици несквик
- 500 мл слатка павлака
- 50 гр шеќер во прав
- 250 гр несолено крем сирење
- 200 гр нутела
- 250 гр чоколадо за глазура
- 200 мл слатка павлака за глазура
Начин на подготовка:
- Измешајте бисквити, путер, млеко, несквик, па направете кора на тацна или во мала тепсија.
- Разматете слатка павлака и шеќер, па додајте крем сирење и нутела. Кратко разматете. Се ставете преку кроата, исечкајте банани и прелијте со глазура од чоколадо и слатка павлака.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи