Вкусни пилешки стапчиња – ќе ги правите постојано!
Состојки:
- 800 гр пилешко филе
- 150 гр брашно
- 3 јајца
- 100 гр презла
- 150 гр сусам
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на стапчиња, па посолете и побиберете. Секое парче прво извалкајте го во брашно, па во јајца, а на крај во мешавина од презла и сусам.
- Пржете во длабоко масло. Пилешкото ставете го на салфети за а го впие вишокот масло. Послужете топло со пире од компири и сезонска салата или некој сос.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи