Често ќе ги правите.
Состојки:
- 500 мл слатка павлака
- 400 гр бело чоколадо
- 300 гр кокос
- 100 гр кокос за посипување
Начин на подготовка:
- Загрејте слатка павлака до вриење. Прелијте преку белото чоколадо и мешајте додека не се растопи. Додајте кокос и добро измешајте. Смесата оставете ја да се излади и стегне.
- Со лажичка земајте од смесата и обликувајте топчиња. Секое топче извалкајте го во кокос. Изладете и послужете.
Уживајте!