Вкусен десерт кој ќе го обожавате!
Состојки:
- 2 јајца
- 5 лажици шеќер
- 2 дл јогурт
- 1 дл масло
- 8 лажици брашно
- 600 гр сливи
- 3 лажици шеќер
- 5 лажици мешавина од презла и крупно мелени ореви
- 200 гр шлаг
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, па додајте јогурт, масло и брашно. Соединете со миксер.
- Калапот посипете го со шеќер и мешавина од презла и ореви. Наредете сливи на дното и прелијте со добиената смеса.
- Печете на 200 степени околу 35 минути. Извадете го колачот на тацна, но сливите да бидат на врв. Премачкајте со шлаг.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт