Вкусен рецепт за одличен почеток на денот.
Состојки:
- 300 гр тенки кори
- 200-300 гр издробено сирење
- 300 мл јогурт
- 1 јајце
- малку масло
Начин на подготовка:
- Готовата кора раширете ја на маса, па намастете. На дното на кората по ширина ставете неколку лажици сирење и свиткајте во ролна.
- Можете да правите ролни од една кора или од 3. Ако правите од три, на две пропрскајте масло, а на третата ставете фил. Свиткајте во ролна и редете во намастен плех. Исечете на две места да добиете по 3 ролати во секој ред.
- Во чинија ставете јогурт 3-4 лажици масло и една жолчка, измешајте. Прелијте ја питата и посипете со сусам. Печете на 200 степени околу 50 минути убаво да порумени. Исечете малку.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт