Блог

Совршено меки домашни погачици со сирење – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Меко домашно печиво со сирење…

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 250 гр маргарин
  • 250 гр сирење
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот омекнете го, па измиксајте го да биде пенаст. Сирењето издробете го со вилушка па додајте во маргаринот. Посолете и додајте брашно. Добро изработете тесто со раце или со миксер. Ставете го во кеса и ставете на еден час во фрижидер, бидејќи тестото е доста меко и лепливо. После еден час ставете го на маса која сте ја побрашниле. Премесете и развлечете и свиткајте во облик на книга.
  2. Развлечете на 1,5 см дебелина. Вадете погачици со чаша за ракија. Редете ги во плех обложен со хартија за печење.
  3. Премачкајте со жолчка, посипете со сусам и малку ким. Печете на 200 степени 20-30 минути, во зависност од рерната.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -