Вистинско освежување!
Состојки:
- 1 л млеко или 500 мл кондензирано млеко
- 2 лажици шеќер
- 150 гр јагоди
- 2 банани
- сок од лимон
- 100 гр чоколадо
- 1 ванилин шеќер
- 200 гр слатка павлака
- 5 жолчки
- 200 гр шлаг
Начин на подготовка:
- Ставете го млекото да зоврие. Додајте обичен и ванилин шеќер. Жолчките разматете ги со малку млеко, тргнете го млекото од шпорет и згответе ги жолчките. Вратете на шпорет да зоврие и непрекинато мешајте.
- Кога жолчките ќе зовријат гответе уште 2 минути, тргнете ги од шпорет и добро изладете ги. Разматете слатка павлака со миксер како и шлаг. Јагодите изблендирајте ги, како и бананите, а чоколадото растопете го.
- Изладените жолчки додајте ги во разматената слатка павлака и шлаг, поделете во 4 чинии. Во една додајте јагоди, во друга банани, во трета чоколадо и во четвртата сок од половина лимон. Сè посебно изедначете со миксер.
- Сладоледот е готов. Оставете го да смрзне 3-4 часа, па вадете топки или чаши.
Уживајте!