Неодолива комбинација од банана и кокос…
Состојки:
- 4 банани
- 500 гр маскарпоне сирење
- 1 прстофат сол
- 80 гр шеќер во прав
- 3 јајца
- 1 пакување ванилин шеќер
- 2 пакувања пишкоти
- 1/4 л кокосово млеко
- 1/4 л кокосов ликер
Начин на подготовка:
- Разматете јајца, шеќер, сол и ванилин шеќер да добиете пенаста смеса. Додајте маскарпоне сирење, лажица по лажица.
- Измешајте млеко и ликер од кокос, и во таа мешавина добро натопете ги пишкотите.
- Наредете на лим или во чаши за десерт пишкоти, крем и исечкани банани. Завршниот слој треба да биде крем.
- Оставвете во фрижидер да преноќи. Посипете го десертот со какао во прав.
Уживајте!