Брзо и лесно направете вкусни солени мафини.
Состојки:
- 2 мали тиквици
- малку сол
- 2 јајца
- 1 кесичка прашок за печиво
- 180 мл јогурт
- 4 лажици масло
- 2 чаши оштро брашно
Начин на подготовка:
- Тиквиците излупете ги, изрендајте ги, посолете и оставете 10 минути да отстојат. За тоа време разматете јајца со јогурт, брашно и масло, па додајте тиквици, без да ги исцедите. Сѐ добро соединете и полнете калапи за мафини.
- Ако имате, во смесата можете да додадете и малку зачински билки и пармезан. Печете 30 минути на 200 степени.
Добар апетит!