Можете да ги послужите со прелив за пилешко и помфрит.
Состојки:
- 500 гр бело месо
- 200 гр презла
- 100 гр сусам
- 100 гр брашно
- 2 лажици сув зачин
- 1 лажичка бибер
- 4 јајца
- 2 рамни лажички сол
Начин на подготовка:
- Исечкајте го белото месо на шницли. Исчукајте го, ставете сув зачин и бибер од двете страни и исечкајте на ленти со дебелина од 1,5-2 см и должина од 6-7 см. Извалкајте ги во брашно. Потоа разматете јајца и сол, па во друга чинија измешајте презла со сусам и сув зачин.
- Во тава ставете доста масло и кога ќе се загрее додајте стапчиња кои сте ги извалкале во брашно, па во јајца и на крај во презла. Пржете додека не добијат златна боја.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ: