Меки како душа, свежи и меки и наредниот ден.
Состојки:
- 900 гр брашно тип 500
- 1 кесичка сув квасец
- 2 јајца
- 400 мл топло млеко
- 180 мл масло
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Во една вангла додајте топло млеко, а потоа масло, две белки, една лажица шеќер и една кесичка сув квасец па измешајте. Постепено додајте еден дел од брашното и лажичка сол па месете со додавање на остатокот од брашното.
- На побрашнета работна подлога замесете тесто со додавање брашно по потреба. Ставете го намастеното тесто во намастена вангла, поклопете со најлон и оставете на топло да нарасне. Најдобро би било тестото да го оставите околу час и половина.
- Тестото потоа префрлете го на побрашнета подлога и исечете на ситни делови. Со сукало развлечете четвртаст облик па филувајте со омилениот фил.
- Со помош на нож направете прорези па замотајте кифли.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот