Со овој рецепт ќе направите фантастични крофни кои ќе ги обожавате!
Состојки:
- квасец
- 70 гр путер
- 125 мл млеко
- 125 мл вода
- 2 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 500 гр глатко брашно
- малку сол
- 55 гр растопен путер
Начин на подготовка:
- Издробете го квасецот и додајте го во брашното. Тука исто така ставете и ванилин шеќер и измешани млеко и вода. Потоа додајте јајца, растопен путер и лесно замесете меко тесто.
- Потоа загрејте и оставете го да нарасне. Кога тестото ќе нарасне развлечете го, не мора да биде многу тенко. Потоа вадете крофни со чаша. Во тепсија ставете хартија за печење и премачкајте со растопен путер.
- Секоја крофна од горе намачкајте ја со путер и оставете во тепсија да надојдат. Надојдените крофни печете ги на 250 степени околу 20 минути. Печените крофни премачкајте ги со растопен путер. На крај посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта