Блог

Јунешка чорба со печурки и компири – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Вкусна чорба со печурки и компири…

Состојки:

  • 500 гр јунешко без коски
  • 5 компири
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 350 гр шампињони
  • сол
  • бибер
  • мешавина од зачини
  • мелена црвена пипер
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете сечкан кромид па, кога ќе стане стакласт, додајте јунешко исечкано на коцки. Зачинете по вкус, прелијте со вода и гответе околу 50 минути.
  2. Додајте исечкани компири и моркови. Зачинете со мешавина од зачини и гответе околу 20 минути. По потреба долијте вода.
  3. На масло пропржете шампињони исечкани на листови па додајте ги во месото.
  4. На масло пропржете лажица брашно и лажица црвена пипер, па додајте во месото со зеленчук. Побиберете и оставете уште 5 минути да крчка на слаб оган.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -