Кафе и сладолед – добитна комбинација!
Состојки:
- 4 смрзнати банани
- 60 мл еспресо
- 1/2 лажичка екстракт од кафе или ванила
- шеќер по вкус
Начин на подготовка:
- Подгответе го еспресото, а ако го пиете со шеќер, веднаш засладете го. Во блендер ставете екстракт од кафе и ванила, додајте исечкани банани и подготвено кафе, па блендирајте додека не добиете глатка и хомогена смеса.
- Смесата ставете ја во сад за сладолед и ставете во замрзнувач. Кога ќе се излади, послужете со омилениот прелив.
Уживајте!