Без печење и готвење, кремаст ролат за 15 минути.
Состојки:
- 200-250 гр мелени бисквити
- 150 гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 150 мл млеко
- 1 лажица какао
- 2 лажици мед
- 300 мл слатка павлака
- 200 гр крем сирење
- 100 гр кокосово брашно
- 200-300 гр малини
- чоколаден прелив или шлаг за украсување
Начин на подготовка:
- Замесете тесто од бисквити, растопен маргарин, млеко, мед, какао и исечкано чоколадо. Оставете 15-20 минути во фрижидер па развлечете помеѓу фолија или кеса за замрзнувач.
- За филот разматете слатка павлака со крем сирење, додајте кокос, па премачкајте преку корите.
- Наредете малини, замотајте. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: