Со шницлите можете да сервирате прилог по желба.
Состојки:
- пилешки гради
- 2 лажици брашно
- сол
- бибер
- масло
- 4 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на тенки шницли, па исчукајте го помеѓу фолија. Посолете, побиберете, потоа додајте издробен лук и масло, па добро измешајте. Оставете 10-15 минтуи.
- Секоја шницла провлечете ја низ брашно. Тавата премачкајте ја со масло и печете ги шницлите додека убаво не поруменат.
Добар апетит!