Подгответе кајгана со зеленчук и уживајте во совршениот вкус…
Состојки:
- 1 јајце
- 4 белки
- сол
- домат
- пиперка
- сирење
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Разматете едно цело јајце и четири белки.
- Претходно во тава на маслиново масло испржете пиперка, па додајте ги измешаните јајца. Гответе како класична кајгана.
- Кога ќе биде готово, ставете во чинија и преку ставете сечкани домати и издробено сирење.
Добар апетит!