Блог

Мексикански рецепт за пилешко со зеленчук – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Ви донесуваме мексикански рецепт за здрав и вкусен ручек од пилешко месо и зеленчук.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • прстофат црвена пипер
  • прстофат куркума
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 1 ситно сечкана пиперка
  • 3 раце црн грав
  • 1 шолја пченка
  • 1 шолја шери домати исечкани на половини
  • свеж, сечкан магдонос
  • 2 лажици вински оцет
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте куркума и пипер, и истријте го пилешкото. Загрејте масло и печете го пилешкото по 4 минути од секоја страна. 
  2. Извадете го месото и во тавата додајте кромид и пиперка. Динстајте 1 минута. Додајте грав, пченка, шери домати и 3 лажици вода и гответе, мешајќи, 2 минути. Тргнете од шпорет. Додајте магдонос и оцет. Зачинете со сол и бибер. 
  3. Пилешкото исечкајте го на парчиња и сервирајте со прилог од зеленчук.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -