Фина и лесна пита од тиквици, компир и младо сирење.
Состојки:
- 700 гр тиквици
- 400 гр компири
- 100 гр кромид
- 250 гр младо сирење
- 4 јајца
- 2-3 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Изрендајте тиквици, компир, кромид, посолете и побиберете па додајте издробено сирење и разматени јајца.
- Намастете тепсија, ставете ја смесата, од горе ставете малку масло. Печете 30 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо