Вкусен ручек кој ќе ве воодушеви!
Состојки:
- 2 големи пиперки
- 200 гр рикота сирење
- 1 мал кромид
- 1 јајце
- 45 гр пармезан
- 50 гр сирење моцарела
- 150 гр спанаќ
- магдонос
Начин на подготовка:
- Исечете ги пиперките на половини и извадете ги семките. Потоа во сад измешајте ги сечканиот кромид, рикота сирењето, јајцето, пармезанот, ренданата моцарела и спанаќот кој претходно сте го пропржиле на малку маслиново масло. Добро соединете.
- Во тава подмачкана со масло ставете ги половините од пиперките, а потоа намастете ги и посолете ги. Наполнете ги пиперките со смесата, па посипете со пармезан.
- Печете на 180 степени околу 30-35 минути. Украсете со свеж магдонос.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна