Блог

Пиперки полнети со туна од конзерва – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Пиперки полнети со туна – вкусен медитерански ручек.

Состојки:

  • 6 пиперки бабури
  • 360 гр туна
  • 250 мл грчки јогурт
  • 1 лажица сенф
  • 1 млад кромид
  • сок од половина лимон
  • 80 гр кикирики
  • 50 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Пиперките пресечете ги на половини, ставете ги во плех и печете во рерна на 220 степени околу 20 минути.
  2. За тоа време направете фил, така што ќе измешате туна, грчки јогурт, сенф, млад кромид, сок од лимон и кикирики. Посолете и побиберете. Наполнете ги пиперките, на крај додајте рендан кашкавал и запечете уште 5 минути на 220 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -