Овие мекици ќе ви бидат омилен оброк.
Состојки:
- 2 чаши јогурт
- 1 јајце
- 1 прашок за пециво
- малку сол
- доволно брашно за тестото да биде помеко
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте јогурт, јајца, сол, прашок за пециво и додадете брашно додека не се добие меко тесто. Оставете да отстои 10-15 минути додека не се загрее маслото. Тестото развлечете го на дебелина од 1 сантиметар, исечете го на правоаголни форми и печете на загреано масло.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи