Напивка од морков, ѓумбир и јаболко – смути за подобар имунитет…
Состојки:
- 250 мл свеж сок од моркови
- 4 домати
- 1 лажица сок од лимон
- свеж магдонос
- 1/2 излупено јаболко
- 1 лажица свеж ѓумбир
- 6 коцки мраз
- 125 мл вода
Начин на подготовка:
- Ако имате соковник, направете прво сок од моркови. Ако немате тогаш исечакајте ги морковите на кругови и ставете ги директно во блендер, а смутито ќе биде малку погусто.
- Потоа останатите состојки измиксајте ги во блендер и додајте сок од моркови. Доајте мраз и повторно измешајте. На крај додајте вода.
- Убаво измешајте и ставете во чаши.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи