Вкусен ручек…
Состојки:
- макарони
- 1 чешне лук
- исечкана пиперка
- сечкан морков
- 1 лажица путер
- 2 лажички брашно
- 1,5 шолја млеко
- 1 лажичка буковец
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Згответе макарони и процедете. Потоа во тава на малку масло пропржете сечкан лук, па додајте пиперка, морков и пченка.
- Кратко пропржете и потоа извадете од тавата. Во истата тава растопете путер, додајте брашно и измешајте добро, па ставете млеко. Постојано мешајте, па кога ќе зоврие додајте зачини, повторно малку крчкајте па вратете го зеленчукот и макароните. Измешајте да се соедини и уште кратко крчкајте.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи