Доколку немате квасец, а сакате да направите погача, еве идеален рецепт.
Состојки:
- 500 гр меко брашно
- 250 мл млака вода
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
Начин на подготовка:
- Содата растворете ја во малку ладна вода и додајте брашно кое сте го посолиле. Со постепено доливање млака вода замесете тесто кое е глатко и малку поцврсто.
- Тестото месете го околу 5 минути, а по потреба додавајте брашно. Покријте го тестото и оставете го 15 минути, а за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени.
- Печете додека погачата не порумени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи