Едноставни банана колачиња без шеќер.
Состојки:
- 4 зрели банани (изгмечени со вилушка)
- 170 мл грчки јогурт
- малку екстракт од ванила
- 125 гр брашно
- 120 гр брашно од цело зрно пченица
- 1 јајце + 1 белка
- 4 лажици испасирано суво грозје
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/4 лажичка сол
- малку цимет
- оревче
- 50 гр сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Измешајте ги влажните состојки (банани, јајца, екстракт од ванила, грчки јогурт, суво грозје), а потоа посебно и сите суви состојки (брашно, сода бикарбона, сол, цимет, оревче, ореви).
- Соединете ги сувите и влажните состојки и добро измешајте. Смесата ставете ја во мали калапи и печете околу 25 минути на 180 степени.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи