Овој рецепт можете да го направите со колбаси или виршли.
Состојки:
- 3 виршли или колбаси Пекабеско
- 3 парчиња кашкавал
- 6 тенки парчиња чадена сланина Пекабеско
- 2 лажички сенф
Начин на подготовка:
- Виршлите или колбасите засечете ги со нож по должина. Пополнете ги засечените места со кашкавал. Колбасите или виршлите замотајте ги во сланина и прицврстете со чепкалки. Наредете на тепсија и печете на 200 степени. Кога кашкавалот ќе се растопи, извадете од рерна. Послужете со сенф.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи