Омиленото јадење готово за 15 минути.
Состојки:
- 3 јајца
- 300 гр ситно сирење
- 30 мл масло
- 2 дл јогурт
- 1/2 прашок за печиво
- малку сол
- тост леб
- шунка
- 200 гр кашквал
- оригано
Начин на подготовка:
- Разматете јајца, сирење, масло, прашок за печиво и малку сол. Во таа смеса извалкајте го секое парче тост леб па наредете во огноотпорен сад. Кога ќе го прекриете дното наредете преку него листови шунка, а преку кашкавал.
- Ставете нов слој леб натопен во сирење со јајца, па преку наредете кашкавал и остатокот од смесата од сирење и јајца. Посипете со оригано и запечете во рерна 15 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Емилина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи