Вкусна здрава чорба која ќе ја обожавате!
Состојки:
- 1 кг моркови
- 2 лажички куркума
- 2 лажици кокосово масло
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 500 мл бујон од зеленчук
- 4 лажици ѓумбир
- 1 лажица мед
- 1 лажица сок од лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- На кокосово масло издинстајте ситно сечкан кромид и лук. Додајте сечкан морков и бујон од зеленчук, па оставете да зоврие.
- Гответе на средна температура околу 20 минути, а потоа изблендирајте заедно со ѓумбир. Додајте куркума, мед, сок од лимон, сол, бибер и оставете да зоврие. Чорбата сервирајте ја топла.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи