Вкусен десерт кој ќе го правите постојано.
Состојки:
- 2 листови мала обланда
- 250 гр шеќер
- 100 мл вода
- 250 гр алва
- 250 гр мелени ореви
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Згответе го шеќерот со вода додека не се растопи. Додајте исечкана алва и гответе додека не се растопи. Потоа ставете мелени ореви и ванилин шеќер, па измешајте. Смесата оставете ја малку да се излади.
- На еден лист обланда нанесете фил, поклопете со друг лист и притиснете со тежок предмет. Оставете ја обландата да се излади и стегне.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Вкусна храна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи