Брзо и лесно направете го најмекиот леб досега, а тестото не мора да го месите.
Состојки:
- 4 јајца
- 400 мл млеко
- 180 гр брашно
- 25 гр путер
- 150 гр крем сирење
- 9-10 маслинки
Начин на подготовка:
- Јајцата посолете ги и изматете ги, па додадете млеко и брашно и убаво соединете. Додадете растопен путер и измешајте. Ставете во плех обложен со хартија за печење, па израмнете.
- Печете на 180 степени околу 25 минути. Кога ќе се излади, намачкајте крем сирење и посипете со маслинки, па свиткајте.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи