Доколку сакате да направите вкусен и здрав десерт, тогаш тоа е дефинитивно колач со јаболка.
Состојки:
- 3 јајца
- 700 гр јаболка
- 100 гр шеќер
- 100 мл јогурт
- 50 мл. маслиново масло
- 150 гр брашно
- 2 лажици полни гриз
- 100 гр суво грозје во рум
- кора од лимон
Начин на подготовка:
- Јајцата се матат со шеќер, се додава брашното со гриз и прашокот за пециво, маслото, јогуртот, сувото грозје, кората од лимон.
- Јаболката добро измијте ги, извадете ги семките и исечете ги на листови. Силиконскиот куглоф можете малку да го премачкате со масло па на дното ставете јаболка.
- Додајте го тестото, па половина од сувото грозје. Преку тестото повторно јаболка, а потоа уште еден дел од тестото во кое ќе го измешате остатокот од сувото грозје.
- Израмнете и печете на 200 степени околу 50-60 мин.
Уживајте!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот