Печени јаболка на кои нема да можете да им одолеете.
Состојки:
- 10-12 излупени и исечкани јаболка
- 3 лажици цимет
- 1/2 лажица мускатно оревче
- 200 гр кафеав шеќер
- 1 лажица сок од лимон
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Излупените и исечкани јаболката прелијте ги со сок од лимон, посипете со цимет, мускатно оревче, кафеав шеќер и посолете.
- Добро измешајте и префрлете во огноотпорен сад. Поклопете и печете од прилика 45 минути, додека јаболката не омекнат.
Уживајте!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки