Одличен десерт, кој освен што е здрав е и многу вкусен…
Состојки:
- 1 шолја овесни снегулки
- 1 шолја рендани јаболка
- 50 гр путер
- 1/2 шолја урми
- 1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
- При чистењето урмите потопете ги во вода и оставете ги најмалку половина час, а потоа излупете ги и отстранете ги коските. Сомелете ги во сечко.
- Јаболката изрендајте ги, а путерот растопете го. Добро замесете смеса од овесни снегулки, јаболка, урми, путер и цимет.
- Со лажица вадете топчиња и ставајте ги на хартија за печење, па нежно притиснете ги. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи