Вкусни пилешки крилца, ќе ги обожавате!
Состојки:
- 1 кг пилешки крилца
- 100 гр мед
- 50 гр кафеав шеќер
- 50 мл соја сос
- 1 лажица сок од лимон
- парче ѓумбир
Начин на подготовка:
- Измешајте мед, шеќер, соја сос и сок од лимон во еден сад. Ѓумбирот излупете го, па ситно изрендајте го и измешајте го со подготвената смеса. Крилцата маринирајте ги во фрижидер најамалку еден час, покриени со фолија.
- Печете ги 40 минути во рерна загреана на 220 степени, додека кожата не поприми смеѓа боја. Останатата маринада сочувајте ја, загрејте во тава и причекајте 2-3 минути за да се редуцира, а потоа прелијте преку готовото месо.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко