Eднаставна за подготовка, а вкусот фантастичен!
Состојки:
- 600 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 пудинг со вкус на ванила
- 3 лажици оштро брашно
- 200 гр путер или маргарин на собна температура
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр млеко во прав
- 200-220 гр бисвкити
- 150 мл млеко за потопување на бисквитите
- 100 гр бел шлаг крем
- 200 мл ладно млеко за матење на шлагот
- декорација по желба
Начин на подготовка:
- Во млекото додајте шеќер, ванилин шеќер, пудинг и брашно, па гответе додека не згусне, со константно мешање. Покријте и оставете да се излади.
- Маргаринот или путерот разматете го со шеќер во прав. Постепено додавајте изладен ванила крем и продолжете со матење. Исто така, постепено додавајте и млеко во прав и соединете со миксер.
- Бисквитите потопете ги во млеко, па редете во калап. Преку ставете половина од филот, потоа втор ред бисквити потопени во млеко, па втора половина од филот.
- Разматете шлаг, па премачкајте преку тортата. Декорирајте по желба.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“: