Брзи и вкусни мафини со лешници полнети со џем.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 1/2 прашок за печиво
- 200 гр шеќер
- 100 гр мелени лешници
- 150 мл масло
- 250 мл кисела вода
- ванилин шеќер
- 50 гр сечкани лешници
- џем
Начин на подготовка:
- Измешајте во сад брашно, прашок за печиво, мелени лешници и шеќер. Додајте масло и разматете лесно со миксер, а потоа ставете кисела вода и продолжете со мешање.
- Кога добро ќе се соедини, ставете малку од смесата во корпички за печење, потоа малку џем, па повторно од смесата.
- Посипете сечкани лешници преку мафините и печете на 180 степени, околу 20 минути.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука