Вкусни и сочни кременадли во бело вино.
Состојки:
- 8 кременадли
- 8 поголеми листови зелка
- 3 лажички сенф
- 500 гр кромид
- 3 чешниња лук
- 8 тенки парчиња сланина Пекабеско
- 0,5 л супа од коцка
- 200 мл бело вино
- сол
- бибер
- масло
- брашно
Начин на подготовка:
- Месото малку исчукајте го, посолете го и побиберете го, па извалкајте го во брашно и малку пропржете на врело масло.
- Секоја препечена кременадла премачкајте ја со сенф и ставете на претходно издинстаниот кромид.
- Свиткајте ја секоја кременадла во лист омекната зелка (можете да користите и сезонска кисела), а на зелката ставете по парче сланина.
- Прелијте со маснотијата во која се пржело месото, додајте малку масло или маст и налијте со супа и бело вино.
- Поклопете и печете околу еден час на 200 степени.
Добар апетит!