Блог

Торта која не се пече – готова за 15 минути! – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Не се пече, готова за 15 минути!

Состојки:

  • 500 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени лешници или ореви
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200 гр маргарин за колачи
  • 100 гр чоколадо (млечно или за колачи)
  • 200 мл сок од портокал
  • 10 крем банани
  • 200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Растопете маргарин и чоколадо. Бисквитите, оревите или лешниците, шеќерот, измешајте ги па додајте сок и растопен маргарин и чоколадо. Изгмечете добро со раце. На помала тепсија или тацна ставете фолија.
  2. Филувајте: замесена смеса, исечкани бананчиња (5 парчиња), смеса, бананчиња, смеса. Порамнете ја тортата од сите страни и ставете во фрижидер да стои околу еден час. Свртете ја тортата на тацна, тргнете ја фолијата, уште малку обликувајте и премачкајте во дебел слој разматена слатка павлака или шлаг.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -