Додајте ги гриз кнедлите во својата супа и уживајте во вистински домашен специјалитет.
Состојки:
- 2 јајца
- 60 гр гриз
- 1 лажичка масло
- малку сол (по вкус)
Начин на подготовка:
- Најпрво пенесто разматете ги белките, а во друг сад измешајте гриз со жолчки и масло. Белките потоа полека додавајте ги во смесата со гриз и сè добро измешајте.
- Со лажичка вадете кнедли и спуштајте ги во процедена супа која врие.
- Гответе ја супата додека кнедлите не омекнат.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути