Предјадење кое лесно се подготвува.
Состојки:
- 200 гр ситно сирење
- 2 чешниња лук
- 200 гр спанаќ
- 2 лажици кисела павлака
- сол, бибер
- пармезан
- презла
Начин на подготовка:
- Спанаќот сварете го кратко во зовриена вода и добро исцедете го. Исецкајте го и измешајте го со сирењето. Додадете ситно сечкан лук, павлака и зачини.На крајот измешајте доволно презла за смесата да биде компактна за полесно да се обликуваат топчиња.
- Од смесата направете топчиња со влажни раце и валкајте ги во пармезан. Пред сервирање оставете ги во фрижидер.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт