Блог

Совршена чорба од домати – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Домашна чорба од домати.

Состојки:

  • 300 мл варени домати
  • 1 мала главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 1 зелена пиперка
  • магдонос
  • 1 лажица брашно
  • 1 јајце
  • сол
  • зачин
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете половина рендан морков, останатата половина исечкајте ја ситно, додајте ситно сечкан кромид и остатокот од морковот и сè убаво издинстајте.
  2. Додајте варени домати и налијте 1 л вода. Додајте и зелена пиперка. Гответе околу 30 минути.
  3. Скршете едно јајце, разматете со вилушка па во него додајте 1 полна лажица брашно и 1 лажица масло. Сè убаво изедначете и полека ставете во чорбата.
  4. Додајте 1/2 лажичка шеќер по желба. Гответе околу 5-6 минути, додајте ситно сечкан магдонос, сол и малку зачин по желба. Чорбата е готова за сервирање.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -