Одлична идеја за оброк во деновите на пост.
Состојки:
- 200 гр шампињони
- 1 праз
- 1 морков
- 1 пиперка
- малку сол
- малку бибер
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Исечкајте праз и пропржете го на масло. Потоа додајте исечкана пиперка, моркови и шампињони и динстајте околу 15 минути.
- Кога ќе биде издинстано, оставете да се излади, па додајте 1,5 л вода и измиксајте со миксер.
- На крај додајте сол, бибер и листови магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: