Совршена комбинација од Нутела и кикирики.
Состојки:
- 2 јајца
- 200 гр несолени и препечени кикирики
- 4 лажици кафеав шеќер
- 100 мл масло
- 100 гр мелени бисквити
- 2 растопени чоколада
- 100 гр гриз
- 100 гр брашно
- 100 гр мелени ореви
- 1 прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- кора од лимон
- јогурт
- 200 гр нутела
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- малку цимет
Начин на подготовка:
- Разматете јајаца па полека додавајте ги сите состојки, со тоа што од кикириките и оревите ќе оставите по 2-3 лажици кои не треба да се сомелат, туку да се исечкаат.
- Сè убаво изедначете и ставете во плех. Печете на 200 степени околу 40 минути. На половина од печењето можете да ја намалите температурата на 180 степени.
- Печениот колач малку изладетете го па премачкајте го со нутела и посипете го со остатокот од сечканите кикирики и ореви.
- Изладете го колачот, сечете го на парчиња, послужете и уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт